КОШАРКАСПОРТ

Сопрен Бостон Селтикс, победа за Милвоки и Клиперс

После 9 победи, запрен е тимот на Бостон, кој беше поразен од Чикаго со резултат 121-107, на дуелот меѓу две ривалски екипи на Истокот. 28-те поени на Дерозан и 22-те поени на ЛаВин ја направија разликата на паркетот за Булс.

До победа стигна и Кливленд, кој ја победи Атланта со 114-102, каде се истакна Мичел со 29 поени, а Гарланд додаде уште 26 поени.

Нов пораз за шампионот, екипата на Голден Стејт, која беше поразена од Њу Орлинс со 128-83. Отсуството на Кери и Томпсон го почувствуваа Вориорс, додека кај Њу Орлеанс се истакна Инграм со 34 поени.

Тимот на Лос Анџелес Клиперс, благодарение на 20 поени на Пауел и 27 на Џексон, ја победи Јута Џез со 121-114.

Тимот на Милвоки, благодарение на 37-те поени на Антетокунмпо, го победи Портланд со 119-111, додека Мајами беше поразен од Минесота со 105-101, натпревар каде Таунс постигна 25 поени, а Едвардс постигна 22. Победа и за Индијана, која го совлада Орландо со 123-102.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button