ВЕСТИСВЕТ

Сопруга, мајка, Италијанка, а веројатно и нов премиер: Флертува со неофашизмот и го поддржува Виктор Орбан

Од тинејџерска активистка која го фалеше Бенито Мусолини до фаворит да стане првата жена премиер на Италија, Џорџија Мелони имаше интересен развојен пат, доведувајќи ја нејзината екстремно десничарска партија на дофат на моќта.

Анкетите покажуваат дека екстремно десничарската коалиција предводена од нејзината „Браќа на Италија“ е на пат да победи на изборите во недела.

Одлучна и борбена, таа ја критикува Европската унија, масовната имиграција и „ЛГБТ лобијата“, 45-годишната жена ги освои разочараните гласачи и изгради силен личен бренд.

„Јас сум Џорџија, јас сум жена, јас сум мајка, јас сум Италијанка, јас сум христијанка“, рече таа на митингот во Рим во 2019 година, кој стана вирален откако беше ремиксирана во танцова песна.

Браќа на Италија потекнуваат од италијанското постфашистичко движење, но Мелони се обидува да се дистанцира од таквото минато, иако не сака целосно да се откаже од него.

Таа ги застапува традиционалните католички семејни вредности, но вели дека ќе го зачува италијанскиот закон за абортус, кој дозволува прекин на бременоста, но им дозволува на лекарите да одбијат да го извршат. Таа вели дека сака да им даде право на избор на жените кои мислат дека абортусот е нивната единствена опција.

Подготвена за власт

Родена во Рим на 15 јануари 1977 година, Мелони пораснала во работничката област Гарбатели со нејзината мајка, откако татко ѝ ги напуштил.

Долго време се занимава со политика. На 31 година, таа беше најмладата министерка во повоената италијанска историја и беше меѓу основачите на Браќа на Италија во 2012 година.

На изборите во 2018 година нејзината партија освои четири отсто од гласовите, а сега добива повеќе од 24 отсто на анкетите.

Доколку постигне таков резултат во недела, Мелони би била не само пред нејзините ривали, туку и пред  нејзините коалициски партнери – антиимигрантската лига на Матео Салвини и партијата Форца Италија на Силвио Берлускони, во чија влада беше во 2008 година.

Во корист на Мелони е што нејзината партија е единствената опозициска партија во изминатите 18 месеци, бидејќи сите останати одлучија да се приклучат на владата на национално единство на поранешниот премиер Марио Драги.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button