ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Соработката помеѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе продолжи и на локалните избори

Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе учествуваат како коалиција на локалните избори во октомври и ја подготвуваат својата политичка платформа. Ова го потврди претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на состанок со новинарите. Централното раководство на партијата предложи да бидат номинирани тројцата сегашни градоначалници на оваа партија во општините со кои раководат. Нема одлука за кандидати на другите општини.

„Сè уште е рано за кандидатите. Имаме партиски структури, разграноци, Централно собрание и не одлучувам јас за кандидатите. Во тек сме. На последниот состанок на претседателството беше одлучено во трите општини што ги водиме сега, да бидат истите кандидати. Станува збор за Арбен Таравари во Гостивар, Исен Шабани во Врапчиште и Албон Џемаили во Боговиње“.

Самиот Села нема да се кандидира за општина Струга. Тој не посочи со кои партии и во кои општини е подготвен да соработува. Нивните чекори ќе зависат од чекорите на политичките противници. На прашањето дали е можна соработка со ВМРО ДПМНЕ сега кога СДСМ и ДУИ најавија соработка меѓу нив, Села не го негираше тоа, но рече дека досега немало такви разговори со опозициската партија. „Нема ништо лошо во соработките и коалициите“, рече Села. Лидерот на Алијанса не верува во „зелената“ стратегија на ДУИ. Според него, сите партии имаат во своите програми стратегии за животната средина и екологијата и дека тоа не треба да се присвои од ДУИ. Села смета дека ДУИ минува низ тежок период. Се надева дека внатрешните несогласувања против овој пат не се само политичка игра за да се добијат гласовите на незадоволните.

 „Државата треба да го исчисти политичкиот отпад, од првите редови на „зелените“ на ДУИ. Тие се претставуваат како ОВК на парламентарни избори  како „зелени“ на локални избори. Ова не поминува така пред граѓаните. Тие знаат во каква животна средина живеат, особено каде што владее ДУИ.“

Села им го потврди на новинарите изборот на Ремзи Мехмеди за шеф на изборниот штаб на партијата.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button