Ниту од Судскиот совет ниту од Советот на јавни обвинители не откриваат дали ќе биде ставена вон сила одлуката нивни членови да бидат дел од управниот одбор во Академијата за судии и јавни обвинители, како што во петокот побараа антикорупционерите. Алсат дознава дека одлуките се веќе испратени до двете претседателки на советите, но оттаму велат дека ги немаат добиено.
„До овој момент до Судскиот совет на РСМ не се доставени одлуките на Државната комисија за спречување корупција, за кои разбравме од јавноста поради што истите не сме во можност да ги анализираме и да се произнесеме„, рече Судски совет.
Сличен одговор добивме и од Советот на јавни обвинители.
„До овој момент совет ние како совет немаме добиено ништо од Антикорупциска. Кога ќе ја добиеме содржината од одлуката ние како Совет ќе се произнесеме во јавноста„, рече Совет на јавни обвинители.
Барањето на Антикорупционерите овие одлуки да бидат поништени ги коментираше и премиерот Мицкоски, кој рече дека судството и обвинителството и натаму е заробено од структури на претходната власт.
„Честопати во изминативе пет месеци откако сме влада се случува да некој од обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци кои беа симбол на едно минато владеење седумгодишно кое не треба да ни се повтори. Јас не верувам дека оваа борба ќе биде кратка, оваа битка ќе биде долга, исцрпувачка, бидејќи се тие жилави, тие инсталации се жилави, малкумина се, да се разбереме, не се многу, малкумина се во обвинителството и судството се уште слепи послушници на претходната влада од СДСМ и ДУИ но можам да ви кажам дека ќе победиме„, рече Христијан Мицкоски, премиер.
Советот на јавни обвинители и судскиот совет минатиот месец одлучија да ги номинираат своите членови Антоанета Димовска, Ханиф Зендели,Душица Димитриеска и Башким Бесими за членови на управниот одбор во Академијата за судии и јавни обвинители, а по реакциите во јавноста дека ова е претставува судир на интереси бидејќи избрани и именувани лица не можат да вршат две функции, истото го оценија и антикорупционерите и побараа одлуките да бидат повлечени. Според членот 10 став 2 од законот за Јавни обвинители и судии пак, за членови на управен одбор се избираат членови од редот на судиите и јавните обвинители, а доколку дојде до судир на интерес, членот на Академијата има обврска да се изземе од конкретниот процес./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу