МЕТРОПОЛ

Совети за пролетен блескав тен

Пред да ги примените трендовите за шминка и фризура за оваа пролет, обрнете вмнимание на негата на кожата. Практикувајте минимална шминка во природни тонови, но прв план секогаш е негуваната кожа и свеж тен. Без блескава кожа и задрав изглед, нема никакви трикови за шминкање нема да ви помогнат да изгледате беспрекорно.

Прва работа што треба да ја направите за пролетна нега е да изберете богат дневен крем, кој не само што на дневно ниво ќе ја хидрира кожата и ќе ѝ го врати природниот сјај, туку ќе делува длабински на обнова на кожата по зимскиот период кога студеното време и ветерот лошо влијаеле на кожата. Експертите советуваат користење на креми сo заштитен фактор преку целата година, но доколку не ја следите оваа препорака, пролетта е време да почнете да користите производи со висок SPF. Значи, пред шминкање задолжително крем со SPF, а доколку сакате додатен сјај, наненсете и илуминаторска подгога за здрав сјај и свиленкаст природен изглед.

Во пролет шминкерите препорачуваат кремасти наместо призводи во камена форма, како на пример руменило, брознер и халајтер. Кремастите препарати даваат посвеж и поприроден изглед. Руменилото инстантно создава блескав и здрав изглед на лицето, а за дефинирање на образите може да користите бронзер, пастелно розово руменило или во боја на праска. Избегнувајте јака шминка и тешки пудри, особено преку ден, а за екстра блескав тен нансете хајлајтер на највисоките точки на лицето, во внатрешниот дел од окото, на врвовите на јаболчниците, во должината на носот и над усните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button