ВЕСТИРЕГИОН

Советот за безбедност на ОН го продолжи мандатот на ЕУФОР во Босна

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за продолжување на мандатот на мировната и безбедносната мисија на Европската унија во Босна и Херцеговина за уште една година. Резолуцијата беше усвоена едногласно на седница на Советот за безбедност во Њујорк. Позната како ЕУФОР Алтеа, мисијата составена од околу 1.100 војници од 20 земји е распоредена во Босна од 2004 година и нејзиниот мандат мора да се обновува секоја година. Овогодинешниот мандат требаше да истече на вчера.

Високиот претставник во Босна Кристијан Шмит, во својот полугодишен извештај оцени дека ЕУФОР Алтеа продолжува да игра витална улога во зачувувањето на мирот и безбедноста во Босна и дека неговото присуство е сè уште неопходно. Француската амбасадорка во ОН Натали Бродхерст рече дека присуството на меѓународната заедница во Босна е клучно за стабилноста на земјата и регионот. Таа додаде дека властите во Босна мора да покажат волја за дијалог и да се ангажираат во спроведувањето на реформите и нагласи дека Франција ја поддржува европската интеграција на балканската земја.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button