ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Според проценките Мијалков не излегол од државата, продолжуваме со сите расположиви мерки за негово пронаоѓање

МВР продолжува со сите расположиви мерки за пронаоѓање на Сашо Мијалков, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својата прва прес конференција по бегството на екс-шефот на тајната полиција, обвинет во случајот за нелегалното прислушување со кодно име „Таргет-Тврдина“.

Како што кажа тој, Спасовски не излегол од државава и оти се прават напори за негово лоцирање.

Спасовски ги претстави поединостите и контактите помеѓу Министерството и обвинителката Русковска, како и активностите коишто ги презела полицијата и најави продолжување на истрагата.

„МВР ќе продолжи со сите расположливи средства да трага по бегалецот. Сите надлежни институции, согласно своите надлежности, имаме таква обврска да го лоцираме и да постапиме по судска наредба“, рече Спасовски.

Запрашан за неговата одговорност во бегството на Мијалков, Спасовски вели:

„Оставката нема да ги реши сама по себе проблемите па чија сака нека е. На тој  начин само ќе овозможиме дека ќе дојде до триумф на криминалците наспроти институциите на системот“, рече Спасовски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button