ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Се разгледува можноста за ставање налепници на регистарските таблички

Како Министерство за внатрешни работи сметаме дека едно од можните решенија за промената на регистарските таблички е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, ќе се задоволи тој законски момент, рече министерот Оливер Спасовски во денешната утринска програма на Националната телевизија.

Според него барањето решение е во напредна фаза, но на крајот сепак, како што вели, ќе се разговара и на седница на Влада во однос на конечното решение.

Министерот Спасовски истакна дека има три категории на возила со регистарски таблички.

„Имаме регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои не се променети воопшто. Имаме околу 230 000 таблички кои практично се со МК и нови таблици со четири бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети, односно преку 230 000 кои се променети”, истакна министерот Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button