МАКЕДОНИЈА

Спасовски-Секуловиќ: Меморандум за размена на информации во борбата против криминалот и корупцијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и неговиот црногорски колега, Сергеј Секулови, потпишаа меморандум за соработка за размена на информации во борбата против криминалот и корупцијата.

„Продлабочувањето на соработката и меѓународната соработка е основен услов во борбата против илегалната миграција, трговијата со луѓе, со ова ја покажавме нашата волја да создадеме услови за европска интеграција“, рече Спасовски.

За време на состанокот, двајцата министри се согласија за продлабочување на соработката, а Спасовски се заблагодари за поддршката што Црна Гора ѝ ја дава на Република Северна Македонија на патот кон евроинтеграциите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button