ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Трудот на Сесветиот Вартоломеј вроди со плод, Охридската Архиепископија е призната за канонска

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сите православни христијани им ја честиташе одлуката на Вселенската Патријаршија да ја признае Охридската Архиепископија за канонска.
-Драго ми е што по две години, трудот на Сесветиот Вартоломеј вроди со плод и по цели 70 години меѓународна изолација, со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија – Охридската Архиепископија возобновена во Македонската православна црква е признаена и прифатена во канонско единство со севкупната православна Црква, пишува на својот фејсбук-профил Спасовски.
Тој потсетува на средбата со Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во 2020 година, во седиштето на Цариградската Патријаршија, каде изразиле надеж за обединување на сите сестрински цркви.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button