Директорката за здравствен систем и политика во Светската здравствена организација, со коментари за здравствениот систем во земјава. Таа рече дека секој треба да има пристап до здравствена заштита без да има финансиски тешкотии. Според последниот извештај на СЗО, здравствените трошоци се уште ги загрижуваат граѓаните, особено оние кои примаат социјална помош.
„Еден од нашите најнови извештаи за финансиска заштита од нашата канцеларија во Барселона покажува дека здравствените трошоци сè уште претставуваат голема грижа, особено за сиромашните семејства. Во 2018 година 18 отсто од џебот на граѓаните биле за лекови, додека овие плаќања сочинуваат 42 отсто од вкупните трошоци за здравство, што е далеку од процентот на ЕУ од 22 отсто“, рече Наташа Азопарди Мускат, Светска здравствена организација.
Министерот за здравство Арбен Таравари најави намалување на трошоците за лекови. Во меѓувреме, рече дека од понеделник граѓаните во аптеките ќе можат да ги најдат лековите од позитивната листа.
Изјавите беа дадени на дискусија за предизвиците и можностите во процесот на проширување на листата на лекови кои се во надлежност на Фондот за здравство.
Линда Ебиби