ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Споредните улици во Тетово во лоша состојба, Општината ветува: Почнуваме со работа за 10 дена!

За разлика од некои улици во центарот на градот кои започнаа да се санираат, повеќето споредни улици со години чекаат за поправки. И покрај ветувањата од локалните власти, жителите се жалат дека лошата патна инфраструктура не е обновена со години.

„Не, никој не се заинтересира, но ќе дојдат сега да побараат гласови, сега можат да го поправат тоа“, реагираат жителите.

Во иста состојба е и споредниот пат во населбата Цетинска во Тетово.

„Цел живот ваков е патот, не направија ништо“

„70 и кусур години, овој е пат е ваков, ништо не е инвестирано. Еве, гледате сами, Ние ќе им дадеме гласови не е проблем, но ова прво мора да се направи. Децата нема каде да излезат, играат тука сред улица“, додаваат жителите.

Од општина Тетово, со ново ветување. Според нив, работите за реконструкција на патиштата ќе започнат за 10 дена.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button