ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Детали од францускиот предлог за кревање на ветото

Детали од францускиот предлог за кревање на ветото

Кревање на ветото за Македонија на Самитот на 23 јуни, но и услов за следната меѓувладина конференција – објавени се делови од предлог заклучоците на Европскиот совет, што наводно се веќе усогласени, како француски предлог.
Според документот што го објави „360 степени“, во Европската унија ќе биде признаен македонскиот јазик како официјален, без никакви дополнителни одредници, додека пак текот на преговорите за членство на Скопје ќе биде условен од тајмингот на уставните измени кај нас.
Во заклучоците се вели дека првата Меѓувладина политичка конференција меѓу Скопје и Брисел ќе се случи уште наредната недела, а новата Меѓувладина конференција за отворање преговори ќе биде свикана по внесот на Бугарите во Преамбулата.
Во нацрт-заклучоците за Македонија се истакнува и реализацијата на Договорот со Бугарија.
„На патот на Република Северна Македонија кон членство во Европската Унија, Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и добронамерното спроведување на билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.“
За текот на преговарачкиот процес на Македонија од клучно значење ќе е уште еден документ – протокол, кој Скопје и Софија допрва треба да го потпишат.
„Во овој контекст, Советот го поздравува договорот за [билатерален протокол] (конечното име да се потврди) за спроведување на Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Овој важен чекор ќе придонесе за добрососедски односи и регионална соработка, кои остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација.“
Во предлог-преговарачката рамка пак, во делот за процедурите на преговарање, пишува дека Северна Македонија ќе усвои акциски план посветен на заштита на правата на малцинствата и заедниците, чие исполнување редовно ќе се следи на меѓувладините конференции.
Првите оценки на медиумите во Бугарија се дека бугарската страна фактички со ваков предлог би го признала постоењето на македонскиот јазик. Според нив, Петков се согласил на кревање на ветото без гаранции дека ќе се исполнат бугарските услови и дека отсуствуваат, барем на прв поглед, сите останати услови на Софија кои произлегуваат од бугарската Рамковна позиција.
Лука Андреев
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button