Португалскиот првак Спортинг Лисабон го назначи новиот тренер, а тоа ќе биде Жоао Переира. Младиот стартег во минатото беше фудбалер на овој клуб во три епизоди, се пензионираше во Спортинг и тренерскиот занает го учеше токму во Лисабон.
Тој во 2021 година почна во У23 тимот на Спортинг, беше асистент па прв тренер. Потоа работеше и во стручниот штаб на првиот тим, а од јули годинава го водеше Б тимот на Спортинг.
Клубот реши да му верува на 40-годишниот Переира кој ќе ја наследи клупата и екипата од Рубен Аморим. Спортинг сезонава го брани тронот во Примеира лига, а исто така игра и во Лигата на Шампионите.