ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СПЦ понуди канонско единство преку автономија, Москва се согласи, од МПЦ-ОА молк!

Соборот на Српската православна црква вчера прогласи канонско единство со МПЦ-ОА, со што, според српски извори е „решен спорот што датира од 1967 година кога Македонска православна црква се одвои од СПЦ“. Одлуката на Соборот на СПЦ доаѓа по решението на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај со кое ја призна МПЦ-ОА за канонска црква.

Жестоки реакции од црковната јавност дека оваа одлука на СПЦ  е предавство за борбата за автокефалност  на МПЦ-ОА и дека треба да се знае дека  канонски статус  на МПЦ-ОА е решен со одлуката на Вселенската Патријаршија и дека МПЦ-ОА , во периодот до конечно решавање на автокефалниот статус, останува во организационата структура како и досега како автокефална црква.

Во вчерашната одлука  на Соборот на СПЦ се наведува дека се „поздравува прифаќањето на општо признатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ, доделен во 1959 година“.

Според СПЦ, со ова „се отстранети причините за прекинот на литургиското и канонското причестување, предизвикано со едностраното прогласување на автокефалноста во 1967 година“ и се воспоставува целосна литургиско и канонско општење.

Синодот на МПЦ-ОА засега молчи и нема никаква официјална реакција  на одлуката на Соборот на СПЦ. Пред вчерашната одлука, во однос на шпекулациите објавени викендов во белградските медиуми дека великодостојници на Српската и на Македонската цркви на крајот на Соборот на СПЦ заедно ќе отслужат света архиерејска литургија како знак на „помирување и обнова на единството“, извори во МПЦ-ОА за МИА посочија дека нашата Црква ниту добила покана, ниту планира одржување заедничка света архиерејска литургија со СПЦ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button