ВЕСТИРЕГИОН

Србија ќе ѝ даде на Македонија 8000 вакцини од „Фајзер“

Македонија ќе добие 8000 вакцини против ковид-19 како помош од Србија во снабдувањето на вакцини против корона вирусот, информираше денеска премиерот. Тој ја поздрави одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ за помошта, што според него е добар знак на солидарност.

„Понудената помош од Србија ја прифативме и ќе добиеме 8000 вакцини од Фајзер. Ова е добар чин на солидарност на нашиот сосед, пријателството продолжува. Првите вакцини ќе се за здравствените работници, за семејствата кои имале член позитивен на Ковид-19, хронично болните лица“, реше премиерот Заев.

Тој додаде дека не се исклучува да добиеме помош од Србија вакцини и од други производители, како и дека во текот на денешниот ден ќе бидат утврдени деталите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button