ВЕСТИРЕГИОН

Србија се подготвува за референдум за уставни промени

Денес Собранието на Србија ќе расправа за предлогот за промена на Уставот на Србија, а претседателот на парламентот, Ивица Дачиќ, оценува дека е реално актуелниот пратенбички состав да ја заврши таа работа до крај.

„Доколку се реализира она за што зборуваше претседателот, дека парламентарните избори ќе се одржат кога ќе се одржат и претседателските и белградските избори, во таа ситуација референдумот ќе треба да се одржи пред распуштањето на собранието, бидејќи овој состав мора да прогласи нови уставни промени. Реално е референдум да има на есен“, рече Дачиќ за Танјуг.

Во неговата изјава Дачиќ потенцира дека уставните промени би се фокусирале единствено на начинот на смена и избор на судии и обвинители, а истите се потребни заради усогласување на српското правосудство со начелата на европската регулатива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button