РЕГИОН

Србија – Во тек седницата на Советот за национална безбедност

Претседателот Александар Вучиќ претседава со итната седница на Советот за национална безбедност, на која се разговара за најновите потези на Приштина.

Седницата на Советот за национална безбедност започна околу 10 часот во палатата „Србија“. Се очекува, по средбата, некој од членовите на Советот да се обрати до јавноста.

На седницата присуствуваат министрите Небојша Стефановиќ, Александар Вулин, началникот на Генералштабот на Војската на Србија Милан Мојсиловиќ, директорот на БИА, Братислав Гашиќ.

Претседателот Вучиќ закажа итна седница на Советот откако властите во Приштина вчера наутро започнаа со одземање на регистарски таблички од северот на Косово.

Локалните жители од северот на Косово и Метохија беа вознемирени од ваквите потези и затоа  организираа мирни протести во Јариње. Тие ја поминаа ноќта таму и како што велат, немаат намера да се разотидат додека Приштина не ги повлече новите мерки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button