ВЕСТИРЕГИОН

Србија забрани извоз на брашно, пченка, пченица, масло

И покрај најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека земјите од регионот како Македонија, Албанија, Црна Гора и Босна и понатаму ќе можат да увезуваат житни култури и брашно од Србија, вечерва Владата во Белград донесе привремена забрана за извоз.

Со забраната се опфаќаат брашното, пченицата, пченката и сончогледовото масло.

Вообичаено, мелничарите и трговците во Македонија секоја година кусокот од домашното производство го дополнуваат со увоз од Србија. Количините зависат од сезоната и родот.

Инаку, пред само една недела Вучиќ најави дека на Македонија ќе ѝ бидат испорачани 50 илјади тони пченица и 25 илјади тони пченка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button