ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Средба на министерот Сали со претставници на Коалицијата „Менуваме“

Средба на министерот Сали со претставници на Коалицијата „Менуваме“

Коалицијата „Менуваме“ соопшти дека денеска нејзини претставници ќе имаат средба со министерот за здравство Беким Сали, на која ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат лицата со попречен вид.

– На состанокот е предвидено да разговараме за тоа дека ортопедските помагала за деца и лица со попречен вид – слепи, треба да бидат на товар на Фондот како што е: белото стапче, мерач за притисок, мерач за шеќер и топломери за деца и возрасни, се наведува во соопштението на Коалицијата „Менуваме“.

Освен тоа, додавата од таму, на средата ќе се разговара и за создавање на електронски регистар (RSS feed), односно Е-досие за деца и лица со попреченост, поврзано со министерствата за труд и социјална политика, за здравство, за образование и наука, како и за транспорт и врски.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button