ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средба Заев – Дуда: Полската поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ е од исклучителна важност

Полска беше и остана искрен и вреден пријател на Северна Македонија за време на процесот на нејзиното остварување на целта да биде членка на НАТО, како и во поддршката за остварување на сите нејзини обврски за исполнување на условите за членство во ЕУ, истакна денеска премиерот Зоран Заев на средба со полскиот претседател, Анджеј Дуда, што се одржа на маргините на Самитот на Алијансата во Брисел.

На средбата, на која присуствуваа и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Бујар Османи, како што соопшти владината прес-служба, беше истакнато взаемното задоволство од нагорниот позитивен развој на блиските и пријателски односи меѓу двете земји што беше оценето како одличен потенцијал за идната соработка.

Како посебно значајна премиерот Заев ја оцени иницијативата на Полска и на земјите од Вишеградската група да приложат документ на претстојната Конференција за иднината на Европа во кој силно се поддржува пристапувањето на земјите членки на Западен Балкан во ЕУ.

Заев ја изрази својата и благодарноста на народот на Северна Македонија за солидарноста и помошта на Полска за нашата земја за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button