РЕГИОН

Српската десница најавува меѓународен собир на Косово

Меѓународната организација Алијанса за мир и слобода (АПФ), која собира екстремно десничари, планира митинг на северот на Косово, потврдено е за Радио Слободна Европа (РСЕ). Како што изјави за РСЕ лидерот на десничарското движење Српска десница Миша Вациќ, намерата е да им се „обезбеди меѓународна поддршка“ на Србите во Косово на митингот во средината на ноември. „Да видат Србите дека не се само наши традиционални браќа – како што се Русите и Грците, туку дека има луѓе во сите европски нации кои се на политичка позиција дека Косово е Србија“, рече Вациќ.

Алијансата за мир и слобода (АПФ) собира екстремно десничарски политички партии и движења низ Европа. Членовите на Алијансата се, меѓу другото, италијанската партија Форца Нуова, Францускиот национален фронт, а соработува и со забранетата грчка неонацистичка организација Златна зора. Алијансата, исто така, одржа конференција „Нации на Европа“ во Белград на 26 септември во хотелот Москва, на која, според извештајот од страницата, се слушале пораки со кои се негира пандемијата, но и независноста на Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button