ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Српската форензика констатира дека осудените во случајот „Алфа“ не се вистински сторители на кривичното дело

Центарот за форензичко истражување во Србија констатира дека осудените во случајот „Алфа“ не се сторителите на убиството на полицаецот во паркингот на Природно- математичкиот факултет факултет во 2008 година во Скопје. Во извештајот се наведува дека Агим Ислами не се совпаѓа во ниту еден материјален доказ додека ДНК-то на Реџаил Ќерими е добиено спротивно на закон. Според директорот за форензика во Србија, Ненад Шипка, лицата кои одлежуваат казна затвор за случајот „Алфа“ биле неправедно осудени и без релевантни докази. Судот треба да го врати предметот на повторно судење.

Одговорно потврдувам дека Агим Ислами не се појавува никаде на снимката, односно Агим Ислами не пукал рафални куршуми во автомобилот „Мазда 323F“ кој бил пронајден на паркингот кај Природно- математичкиот Факултет. Пресудата погрешно го навела бројот на присутни лица. Таму се вели дека учествувале пет лица кои испукале рафални куршуми додека во анализата на кадарот едногласно констатиравме дека има четири лица. Две лица издржуваат доживотна казна затвор за дело каде судот немаше докази дека тие се сторители односно дека и двајцата биле осудени за дело што не го сториле – изјави Ненад Шипка, директор на Центарот за форензика, Србија.

Адвокатите побараа повторување на судењето. Во прилог на нивното барање е и извештајот на српската форензика.

Очекуваме судот да донесе коректна одлука, да дозволи повторување на постапката, да дозволи двајцата да се бранат на слобода, а потоа во фер и непристрасна постапка ќе докажеме дека двајцата осудени се невини – рече Артене Исеини, адвокат.

Семејствата очекуваат правда. Според нив, последниот извештај ја докажува невиноста на Агим Ислами и Реџаил Ќерими.

Рамиз Даути, роднина на осудените „Агим воопшто не учествува на местото за кое е обвинет. Фактичката состојба никогаш не е докажана ниту за Реџаил ниту за некој друг. Потоа, никој од обвинетите никогаш немал контакт меѓу себе. Мислам дека е време да се реши случајот и тоа како што треба.

Убиството на полицаецот Африм Арифи,се случи на 26 ноември 2008 година. Со него повредени беа уште двајца полицајци, Саше Петровски и Едвард Алексовски. Во 2010 година судот ги осуди Реџаил Ќерими, Агим Ислами и Алмир Дерпланин на доживотен затвор додека Рамадан Шаќири беше на 9 години затвор за логистика. Барањата за вештачење на материјалните докази во земјата добија негативни одговори од институциите, чие образложение беше дека не поседуваат соодветни техники за такво вештачење. Во меѓувреме, во Собрание се наоѓа предлог-закон за монтирани случаи, кој предвидува расветлување на монтираните случаи преку обезбедување на нови материјални докази.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button