Српската Влада досега објави повеќе од 140 документи за реконструкција на железничката станица во Нови Сад, каде се урна бетонска настрешница, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени, пренесе Бета.
Објавувањето на документите од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура во врска со можното извршување на кривично дело во врска со уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември започна вчера врз основа на одлука на Владата, а на иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Владата ќе продолжи да ги објавува тие документи, од кои Вучиќ вели дека се 195, а според Форбс Србија се повеќе од 850.
„Во оваа работа, тој е … обичен граѓанин, и нема овластување да ги чува тие документи кај него. Тоа е што се однесува до чувањето на документацијата“, вели Јелена Јериниќ, професорка по право и пратеничка од Зелено-лев фронт.
Во средата, претседателот Александар Вучиќ покажа документи поврзани со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и најави дека ќе бидат објавени на веб-страницата на Владата и на надлежните министерства.