ЕКОНОМИЈА

ССК бара минимална плата и даночни олеснувања до крајот на годинава

Новиот сет антикризни мерки да биде донесен до крајот на овој месец со цел бизнис секторот да има сигурност и предвидливост. Мерката финансиска поддршка на исплата на плати да биде приоритет во новиот сет и да се исплаќа од јануари па се до април бараат од Сојузот на стопански комори. Покрај ова потребно е и доделување на неповратна финансиска помош за најпогодените.

„Финансиската поддршка за исплата на плати да продолжи од месец јануари како една од најважните механизми како да се задржат и зачуваат работните места особено кај оние претпријатија кои што сеуште имаат рестриктивни мерки во работењето. Понатаму да има финансиска поддршка која што ќе биде неповратна и да има кредитирање кое што би било повластено или без камати“, рече Данела Арсовска – Претседател на Сојуз на стопански комори.

Ставот на Стопанската комора пак, е дека треба да даде фокус на секторите кои се иновативни а за најпогодените сектори да има посебен сет економски мерки.

„Посебен сет на мерки за помош треба да бидат креирани за компаниите од секторот угостителство и туризам. Здружението на угостителството и туризмот бара еднократна неповратна помош за компаниите кои не беа во можност да аплицираат на досегашните мерки за исплата на плата. Очекуваме овие напори да наидат на поддршка бидејќи помошта ќе овозможи зачувување на колку може повеќе работни места во особено тежок период кој следува“, велат од Стопанската комора.

Петтиот сет економски мерки според владините најави ќе биде донесен откако ќе се слушнат предлозите на стопанските комори и синдикатите.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button