ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ССК: Неработна недела би оставила последици врз угостителството и туризмот

За Мартин Ангеловски од Сојузот на стопански комори предлогот – денот недела да се прогласи за неработен ден е сосема не логичен и неприфатлив за угостителскиот сектор. Како што вели тој, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, токму недела е денот кога луѓето најмногу ги посетуваат угостителските објекти.

„Мораме да пристапиме многу посериозно и да разбереме кои се долгорочните последици од овој закон. Големите ресторани најголемиот промет го остваруваат претежно за време на викендите. Ако им се скрати тој еден ден, верувајте дека може 30% од неделниот приход го прават во тој еден ден. Тоа би се одразило многу сериозно“, вели Ангеловски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button