ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ССМ е против законски измени за недела да биде работен ден во туристичките места

Сојузот на синдикати на Македонија не се согласува да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри. Постојното законското решение кое е на сила, велат од ССМ,  е донесено по пат на дијалог, и тоа овозможува работа и во недела под одредени услови.

-Со законските измени, ССМ и социјалните партнери обезбедија можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови со закон да работат, предвидена е и можноста за работа на моловите, штандови и киосци за време на спортски настани, фестивали, саеми, манифестации и слично, а предвидена е и можноста во продавници за трговија на мало со храна, пијалоци и слично работата да ја вршат лично сопствениците на продавниците. Не  смее заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела да им се ускрати таквото право и  повторно да се дозволи работниците да им работат, а тие да одмараат, велат од ССМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button