ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ССМ ги изнесе своите предлози во Владата

Сојузот на синдикати предложи неколку мерки до владата кои очекува да бидат разгледани и прифатени до следната среда. Како што кажа првиот синдикалец, Дарко Димовски, не е време за печалење, туку за преживување.

„Платите да го следат порастот на инфлацијата и на пазарната кошничка…Доследна примена на колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, проширување на антикризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти, како и проширување на други прехранбени продукти. Платежна картичка за домашни производи за загрозени категории на граѓани. Бесплатен градски превоз до и од работа за ранливите категории“, рече Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button