ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ССМ ќе стапи на штрајк на 22 јуни, ако не им се исполнат барањата

ССМ ќе стапи на штрајк на 22 јуни, ако не им се исполнат барањата

На 22ри јуни вработените во јавниот сектор ќе стапат во генерален штрајк. Штрајкот, според планот ќе биде на работните места. Своите работни задачи додека не им се исполнат барањата за зголемување на платата и добивање регрес за годишен одмор нема да ги извршува војската, полицијата, вработените во секторот образование, здравствените работници, комуналните претпријатија, општините и останати јавни институции.

„Генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата за потпишување на општиот колективен договор каде што ќе се утврди линеарно зголемување од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право регрес од 2023 година во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата во државата“, нагласи Дарко Димовски претседател на ССМ.

Штрајкот е планиран да трае се до исполнување на нивните барања. Синдикалците се жалат дека добиле ветување и си подале рака со властите дека пари за повисоки плати ќе се обезбедат пари со ребалансот, а сега од истите министри слушаат како не биле надлежни за нивната пороблематика. Тие додаваат дека овие пари не ги бараат за да си овозможат полуксузен живот, туку за основна егзистенција за нив и нивните семејства. Премиерот Ковачевски рече дека со ССМ разговарале за зголемување на платите, утвдување на методологија на зголемување, за зголемување на ефикасноста односно продуктивноста на работат и донесување на нов закон за плати. Според него прво мора да се острани големата неконзистенсонот во платите која постои во јавниот сектор.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button