ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ССМ: Работодавците да ги заштитат работниците во услови на топлотен бран

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува сите работодавци, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

„Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес. Топлинскиот стрес се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на температурата на која е изложен на неговото работно место. Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавецот е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците“, се вели во соопштението на ССМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button