ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стагнација во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците

Значителна стагнација во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, со кој треба да се унапреди институционалната употреба на албанскиот јазик. Агенцијата за примена на јазикот сè уште не го подготвила извештајот за примена на албанскиот јазик во текот на изминатата година, но тврди дека има подобрување.

„Има позитивна промена, бидејќи минатата година имавме институции кои во првата фаза не го спроведоа, во смисла на поштенски марки, меморандуми, веб страници. Годинава голем дел од институциите имаат промени во позитивен аспект“, рече Илбер Села, директор на Агенцијата за примена на јазикот.

Инспекторатот за употреба на јазиците сè уште не започнал со теренска работа. Досега само тројца инспектори ја завршија тромесечната обука. Но, за да излезат на терен, тие треба да ја завршат деветтомесечната обука, за која Надзорниот инспекциски совет мора да обезбеди ментор. Од друга страна, земјата сè уште ја нема методологијата за спроведување на забелешките на Венецијанската комисија. Работната група што беше формирана да ја одобри методологијата, предводена од Министерството за правда, никогаш не се состанала по ова прашање. Албанологот, Аслан Хамити, ги обвинува институциите за недостаток на волја за правилното спроведување на албанскиот јазик.

„Сè уште се соочуваме и со говорот на омраза, некористење на јазикот, полуалбански во учебниците. Ние на некој начин ги труеме нашите деца со невистини, без оглед дали се историски, научни или јазични. Ние им служиме полуалбански јазик кој не е чист, како што треба. Во оваа смисла, навистина имаме мнпгу работа“, вели Аслан Хамити, албанолог.

Иако е регулиран со Закон, албанскиот јазик постојано се нагрдува било преку учебниците, таблите или разни натписи или преку игнорирање за време на комуникацијата на институциите со новинари и граѓани.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button