
Европската Унија е многу јасна дека Белград и Приштина треба да работат на деескалација и на смирување на тензиите и на опасната ситуација во северниот дел на Косово, порача денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи, Питер Стано, додавајќи дека ЕУ строго го осудува вчерашниот „терористички напад“ врз косовската полиција во Бањска.
– Мора да најдеме излез од постојаната криза и да се вратиме на нормално решавање проблемите преку дијалог.
Итно е потребна деескалација, изјави Стано, нагласувајќи дека ЕУ беше сосема јасна за тоа што очекува да направат двете страни кога станува збор за потребата за деескалирање на состојбата.
Според него, деескалацијата е важна за да се смират тензиите и да може ЕУ да продолжи со напорите за смирување и нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
– Позицијата на Европската Унија е јасна. ЕУ е олеснувач во дијалогот на двете страни. Тие и двете сакаат да се приклучат на Европската Унија, а нивниот пат до ЕУ води преку олеснувачкиот дијалог.