ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Стапката на смртност во Европа висока, Македонија на 42 позиција

На ранг листата по смртност во државите, Македонија е рангирана за 42 позиција, покажува дата базата на податоци на американската безбедносна агенција ЦИА, објавена на нивната веб страница. Листата е составена од 229 држави, а на првото место по стапката на смртност е Србија со коефициент од 16,39. Македонија има коефициент од 9,61 смртни случаи на 1.000 жители годишно.

Kоефициентoт, според методологијата на анализата, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители на средината на годината. Податоците се добиени во период кога во светот се уште е актуелна паднемијата со ковид-19, вирус кој беше смртоносен за илјадници луѓе. الرهان الرياضي

Во првите десет места, покрај Србија, се и Романија, Литванија, Летонија, Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска. Сите овие држави се од Европа, па затоа истата група ги зазема првите десет позиции и на листата на европски земји со најголема смртност.

Од земјите од поранешните југословенски простори Хрватска е на 10 место, Словенија е 28, Црна Гора 30, а Босна и Херцеговина е 32.

Податоците од македонскиот државен завод за статистика покажуваат дека минатата година починале 28 516 луѓе. Најчеста причина за смрт биле болестите на циркулаторниот систем (35.9 %), компликации од КОВИД-19 (20.6 %), неоплазмите (13.8 %), ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (5. العاب بوكر للكبار 8 %) и болестите на респираторниот систем (4. قوانين بلاك جاك 2 %).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button