МАКЕДОНИЈА

Статистика без конкретен одговор дали ќе биде потребно дополнително време за пописот

Заводот за статистика сe уште не одлучил дали ќе побара од Собранието да го продолжи пописот за уште пет дена. Од Државниот завод за статистика за Алсат велат дека сѐ ќе зависи од денешниот ден, а Во соопштението за медиумите велат дека се посветени целиот капацитет да го завршат навремено.

“Најмалите пописни региони во земјата веќе привршуваат со попис на населението и се прават конечни верификации. Во одредени урбани региони се зголемува интензитетот на попишување, вклучени се дополнителни попишувачи, така што секое домаќинство може да се посети и никој да не биде изоставен“, наведоа од ДЗС.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека доколку партиите одлучат, нема никаква пречка во Собранието да свика итна седница.

“Во контекст на Собранието не постои пречка доколку постои такво барање, а поради фактот што евентуалната седница, хипотетички треба да биде итна, според процедурите можам да ја свикам и јас, но обично итните седници се одржуваат на барање од најмалку 20 пратеници и ова е прашање од процедурална гледна точка, секако дека постои процедурална можност да се направи, но прашањето останува на политичките партии“, рече Џафери.

Од СДСМ велат дека немаат конкретен став, додека ДЗС официјално не побара продолжување за пописот.

“Надлежна комисија за попис е ДЗС и сметаме дека први кои треба да се изјаснат за ова е ДЗС. За нас пописот е во завршна фаза и мислиме дека токму во оваа фаза не е добро да се политизира статистичката операција која се уште се спроведува во моментот“, рекоа од СДСМ.
Додека од ДУИ велат дека ќе го поддржат евентуалното барање на Заводот за статистика.

“Ако тие мислат дека неколку дополнителни дена ќе го завршат пописот како многу важен процес за земјата, ние ќе обезбедиме поддршка”, рекоа од ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ нема став за продолжување на пописот. Од Алијансата за Албанците, пратеникот Халил Снопче вели дека Собранието мора итно да се собере и да го продолжи рокот за попис за уште десет дена, нешто кое го бараат од донесувањето на законот.

“Го повикуваме парламентот итно да свика седница и да обезбеди дополнителни 10 дена за попис, што е предлог на пратеничката група на Алијансата и Алтернативата од јануари кога беше донесен законот за попис. Вие знаете дека имавме амандман со кој баравме доколку пописот не се изврши во потребниот рок да имаме уште неколку дена за да можат сите граѓани да се попишуваат и да ја исполнат својата законска обврска“, рече Халил Снопче, Aлијанса за Албанците.

До вчера биеа попишани околу 1.700 000 граѓани, а од дијаспората преку онлајн платформата околу 200 000 иселеници. Пописот треба да заврши во четврток на полноќ.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button