МАКЕДОНИЈА

Стевчо Јакимовски ветува реформи во општините

Кандидатот за градоначалник Стевчо Јакимовски најави дека како иден претседател на државата ќе предложи реформи во локалната самоуправа заради, како што вели, поголема функционалност имајќи предвид дека локалната власт е најблиску до граѓаните. Тој денеска од скопски Карпош кажа дека е потребен нов Закон за локална самоуправа, како и поделба на јавните градски претпријатија во Скопје по општините за да има функционални јавни градски претпријатија кои навистина ќе се справат со хигиената. Јакимовски вели дека актуелниот начин на функционирање на комунална инспекција при што легитимирањето го врши полицијата е апсолутно нефункционално.

„Нам ни се потребни измени во локалната самоуправа и во делот на функционирање на Град Скопје, значи нов Закон за Град Скопје, нов Закон за локална самоуправа, со коишто ќе се зголемат ингеренциите во делот на комуналните инспектори. Значи, ние мора да имаме комунални инспектори, коишто ќе имаат овластување да легитимираат, да казнуваат, физички да неутрализираат“, рече Јакимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button