ВЕСТИЗДРАВСТВО

Стигна нова пратка вакцини од „Фајзер“

Вупно 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“ вчера стигнаа во државава. Од нив, 4.680 се преку директен договор што земјава го има со овој производител на вакцини против Ковид-19.
Како што соопшти Министерството за здравство, според договорт, „Фајзер“ секој понеделник во С Македонија испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец.
Останатите 4.680 дози вакцини „Фајзер“ се добиени преку трилатерални договори  во рамки на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe). Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија, во нашата земја во мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини.
Од ресорното министерство потсетуваат дека вчерашната пратка е втора, а помошта за земјава што ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button