ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стигнаа 24.000 вакцини „Астра-зенека“ за граѓаните над 75 години

Од авион – право во комбе, преку посебен транспорт до фрижидерите во здравствените домови. Првата пратка вакцини преку Ковакс механизмот, стигна рано утринава на скопскиот аеродром. Станува збор за 24 илјади вакцини од „Астра зенека“ со кои од среда треба да почнат да се вакцинираат најризичните категории граѓани. Процесот ќе се спроведува во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Први за вакцинација ќе бидат 20 илјади луѓе коишто се први над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направенa дистрибуција што значи дека ќе се спроведе во вакциналните пунктови. Во однос на количините и следните чекори, имавме добри вести вчера и од ЕУ, во април треба да пристигнат и други вакцини од Кина“, изјави министерот Филипче.

На аеродромот беа присутни повеќе странски амбасадори и претставници на меѓународни организации.

„Многу сум радосна што стигнаа првите дози, иако посакувавав ова да се случеше три месеци порано. Германија е коосновач на платформата за снабдување вакацини и е нејзин најголем донатор со 2,1 милијарди евра. Ковакс снабдува. Во првиот чекор, 142 земји со вакцини до крајот на мај“, изјави Анке Холштајн, Амбасадорка на Германија.

„Тимот Европа донираше повеќе од 2,2 милијарди евра во Ковакс и среќни сме што и Северна Македонија плаќа за вакцините. Ќе дојдеме со повеќе. И важно е да се каже дека ако сакате некој, ако имате родители, деца – треба да се вакцинирате“, порача Никола Бертолини, Делегацијата на ЕУ.

Во исчекување на стартот за имунизација на населението, илјадници македонски државјани и денеска беа во Белград и Ниш за да се вакцинираат во соседна Србија. Само вчера границата ја поминале повеќе од 6 илјади граѓани. Услов за вакцинација во Србија е само да се закажано термин на интернет преку нивниот здравствен систем и да се има српски мобилен број каде стигнуваат потребните известувања.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button