КОШАРКА

Стивен Кери постави нов рекорд во НБА

Неколку дена откако стана најдобар стрелец во историјата на „Голден Стејт“, кошаркарот Стивен Кери постави уште еден рекорд во НБА. Тој стана кошаркар кој постигна најмногу тројки за еден месец. На последниот натпревар, Голден Стејт победи со 117:113 против Сакраменто, каде Кери упати седум прецизни погодоци од далечина. Вкупно, овој месец, Стивен Кери, досега упати 83 прецизни погодоци од далечина, соборувајќи го рекордот на Џејмс Харден. Тој, во ноември 2019 година, реализираше 82 прецизни погодоци од далечина со дресот на Хјустон. А, Кери има потенцијал дополнително да го подобри овој рекорд, бидејќи во април ќе одигра уште два натпревари, против Далас и Минесота.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button