СПОРТ

Стивен Кери стана вториот кошаркар во историјата на НБА со најмногу тројки

Стивен Кери стана вториот кошаркар во НБА Лигата кој постигнал најмногу тројки во историјата на НБА. Играчот на Голден Стејт Вориорс го помина Реџи Милер во генералниот пласман на кошаркари кои постигнале најмногу тројки. Реџи Милер имаше 2.561 успешен обид за три поени, додека Стивен Кери има еден повеќе, а му недостасуваат 411 успешни обиди за да го стигне Реј Ален кој ја држи првата позиција. Ален има 2.973 тројки. Реџи Милер му честиташе на Кери за успехот и посака да застане на првото место во НБА за успешни три поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button