ЕКОНОМИЈА

Стојановски: Ваквата концепција на буџетот не одговара на потребите на граѓаните

За пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, буџетот за 2023-та година не дава објаснување за што конкретно се предвидени 800-те милиони евра во ставката капитални инвестиции. Како што додава тој, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, така конципиран, буџетот не може да одговори на потребите на граѓаните.

„Имаме буџет во којшто не видов одговор кој автопат ќе почне, која болница ќе се изгради, дали ќе се гради нов клинички центар, дали ќе градиме нов студентски град, колку нови училишта ќе изградиме, колку спортски сали, колку средни училишта? Такво нешто во овој буџет нема да најдеме. Вака конципиран документ не ги дава одговорите на македонското тешко секојдневие“, рече Стојановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button