ВЕСТИСВЕТ

Столтенберг во Мадрид: Русија е директна закана за безбедноста на земјите од НАТО

Русија претставува „директна закана“ за безбедноста на земјите на НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во Мадрид на Самитот на Алијансата.

„На самитот, на кој за првпат од 2010 година треба да се ревидираат насоките на НАТО, ќе ставиме до знаење дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност“, нагласи Столтенберг.

Лидерите на НАТО на самитот во Мадрид треба да го усвојат новиот Стратешки концепт за следните 10 години, што ќе ги дефинира безбедносните предизвици со кои се соочува Алијансата и ќе ги наведе политичките и воените задачи што НАТО треба да ги изврши за да ги реши.

Во последниот Стратешки концепт усвоен во 2010 година, Русија беше дефинирана како стратешки партнер на НАТО.

„Тоа нема да биде случај во стратешкиот концепт за кој ќе се договориме во Мадрид. Очекувам сојузниците јасно да кажат дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност, нашите вредности, меѓународниот поредок заснован на правила“, изјави претходно Столтенберг.

За него самитот во Мадрид е историски, бидејќи НАТО минува низ „најсериозната безбедносна криза од Втората светска војна“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button