ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стоп за законот за учебници! Неформалната група родители за утре најави бојкот на наставата

Претставници на неформалната фејсбук група на родители денеска одржа прес конференција на која побараа стопирање на постапката за измена на законот за учебници и дидактички материјали. Во обраќањето тие оценија дека предложеното законско решение не ги решава проблемите во образованието туку ќе создаде нови, наведувајќи дека секое седмо дете во државата нема дигитален уред или пристап до интернет.

Како дел од своите барања тие наведоа:
„Стопирање на постапката за донесување законот, организирање на јавна расправа и дебата за измените во законот, директно и непосредно учество на стручни лица и претставници од групата на граѓани за ревизија и интервенции во законот“, рече Драгана Спасевска, родител и претставник од групата.

Како демонстрација на сериозноста на нивните барања, од групата на родители најавија дека утре ќе се бојкотира наставата и со физичко присуство и онлајн. Ако не им се одговори на барањата, од таму најавуваат и протести и разни граѓански иницијативи.

Како што рекоа претставниците, неформалната група родители има 70.000 членови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button