ЕКОНОМИЈА

Стопанственици: „Отворен Балкан“ не ги дава очекуваните резултати

На Балканот политичките интереси го држат како заложник економскиот развој. Ова е заклучокот на претседателите на Форумот на инвестициски комори од Западен Балкан што се одржа во Скопје. Претседателот на Стопанската комора на Македонија рече дека политичките елити создаваат проблеми за да останат на власт. Бранко Азески ги повика владите на шесте земји да им овозможат на бизнис секторите меѓусебно да соработуваат, создавајќи соодветна клима за размена на стоки и работници.

Тврдоглавоста на некои земји кои се останати во минатите воени и политички конфликти и тоа сега во време на економска криза, само го продлабочува заедничкиот трговски јаз. Првиот човек на Стопанската комора на Косово, рече дека овој форум ќе им даде можност на Приштина и Белград да ги надминат поделбите.

„Овој форум ни ги донесе на едно место шесте комори од регионот, меѓу другите и Стопанската комора на Косово и Стопанската комора на Србија каде ќе имаме можност за дијалог во рамките на овој настан за на крајот да ги надминеме економските бариери кои постојат меѓу двете земји“, рече Љуљзим Рафуна, претседател на Стопанската комора на Косово.

Еден од примерите кои беа истакнати е Отворен Балкан. Според претседателите на стопанските комори, оваа иницијатива не ги дава посакуваните ефекти врз регионалната економска соработка.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button