ВЕСТИЗДРАВСТВО

Стотина пациенти чекаат трансплатација на орган

Стотина лица во Македонија чекаат за трансплантација на органи. Се чека и со години. Дваесеттина лица се на листата за трансплантација на срце, петанесеттина за црн дрб, 47 за бубрег. Од нив има и многу млади пациенти.

„Имаше и 16, 17 годишни. Имаше и две девојчиња, кои сега сигурни пораснаа, беа под 14 години и сега влегуваат во таа возрасна група за трансплантација. Голем е бројот на лица кои чекаат, но мал е бројот на лица, а и секаде во светот има недостаток на органи“, рече Маја Мојсова, поранешен национален координатор за трансплантација.

И десеттина лица кои се со механичка циркулаторна потпора на срце, со години чекаат за трансаплантација

„Со самото тоа што ние наместо срце имаме пумпа на нас, сите органи ни се оптеретени од притисок, ние постојано крвариме.Ние нема што друго да преземеме, освен да бидеме гласни да не слушнат надлежните и да преземат чекори и да овозможат услови да биде транспланиран конечно пациент со механичка потпора.Во светот тие се приоритет број еден за трансплантација“, рече Васко Јолески, претседател на здружение Храбро Срце.

Јолевски и со повик до новиот министер за здравство Таравари.

„Што побрзо да ги консолидира тимовите за трансплантација, бидејки со министерот во заминување се направија катастрофални чекори кои имаат последици. Два месеци тимот за трансплантација не е функционален. И да се вложи многу повеќе во сферата за трансплантација. Тоа ќе значи намалување на средствата во буџетот за трошоци, бидејки овие пумпи значат многу повеќе трошоци, отколку еднаш да се направи трансплантација“, рече Јолески.

„Најмладиот пациент со пумпа е 29 години со една пумпа.Имаме пациент од 31 година со две пумпи, 38 годишен пациент со една пумпа,40 годишна жена од Тетово со две пумпи.Бројот на пациенти со пумпа се зголемува“, изјави Ирена Релева Најдевска, задружение Храбро Срце.

Во Охрид, здружението Храбро срце го одбележа светскиот ден на органодарителството. Целта е да се зголеми свеста за дарувањето органи.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button