Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во Белград откако студентите повеќе од четири месеци бараа кривична и политичка одговорност за трагедијата во Нови Сад
Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во Белград откако студентите повеќе од четири месеци бараа кривична и политичка одговорност за трагедијата во Нови Сад

Масовни протести во Белград. Студентите поддржани од стотици илјади граѓани од цела Србија ги наполнија улиците на српскиот главен град. Студентскиот протест во Белград, кој требаше да заврши во 21 часот, беше прекинат еден час порано поради инциденти. На големиот протест пред Собранието на Србија во Белград околу 19.15 минути, пред крајот на 15-минутниот молк, дојде до инцидент. Студентите наведуваа дека најверојатно имало организирана акција за прекинување на молкот.
Кривична и политичка одговорност е потребна за смртта на 15 лица од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година и за трагедиите што се случија низ годините.
Српските власти се обидоа да го запрат протестот со блокирање на јавниот превоз. Студентите, поддржани од голем број граѓани, се решени да го продолжат протестот. Тие велат дека денешниот протест е само почеток.
„Важно е дека не очекуваме ова да биде последен протест од ваков вид“, рече Андреј Жељковиќ, студент .
„Ова се нашите деца, нашата работа е да ги поддржиме децата. Најважно е даги поддржите децата. Ова е само почеток на крајот“, рече Дејан Симиќ, демонстрант од Белград.
Голем број српски полициски и жандармериски сили беа ангажирани во центарот на Белград, додека зградата на парламентот беше опколена од бројни сили. Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека земјата „ќе ги преземе сите мерки“ за да обезбеди мир и најави апсење на оние што ќе предизвикаат инциденти. Засега нема информации дали интервенирала полицијата и дали има уапсени лица откако почнаа протестите. Студентите ги блокираа факултетие низ цела Србија повеќе од 4 месеци.