ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Страшевски: Обвинителството не понуди никаков доказ дека Палевски ги извршил убиствата на Вања и Панче

Уште десет години Обвинителството да се труди нема да докаже дека Љупчо Палевски-Палчо ги сторил делата што му се ставаат на товар, две грабнувања и две убиства, од кои едно на малолетно дете. Ова денеска го кажа бранителот на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, адвокатот Јовица Страшевски, во своите завршни зборови од судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевскa и Панче Жежовски.

Advertisements

Според адвокатот, во обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство Скопје не се констатирани елементи на кривичните дела што му се ставаат на товар и затоа бара тој да биде ослободен од обвинение.

„Од обвинението не е јасно какви дејствија презел, а кои му се ставаат на товар. Врз основа на претпоставки не може да се темели обвинение и тоа не може да опстои без докази. Обвинителството поднесе обвинителен акт без никакви докази со кои се прејудицира пресуда која веќе беше најавена и на прес-конференција на МВР и Јавното обвинителство”, рече адвокатот Страшевски.

Тој, исто така, наведе дека при поднесувањето на обвинителниот акт до одбраната на Палевски не биле доставени сите докази, што е обврска на Обвинителството. Тоа, како што наведе, било случај и при оценувањето на обвинителниот акт. Обвинителниот акт, како што кажа, е конфузен, паушален и без никаков понуден доказ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button