МАКЕДОНИЈА

Стратешкиот план со Вашингтон дел од владината програма

Владата на денешната седница усвои Акциски план, кој произлегува од Стратешкиот дијалог со Вашингтон. Како што информираа, овој план е изготвен со американските партнери и станува дел од редовната владина програма. Планот вклучува судски реформи и борба со корупцијата. Во делот на одбраната, предвидени се заеднички вежби на македонските и американските војници, како и модернизација на воената опрема. На економски план, се очекува во земјава да се отвори регионалното претставништво на американската корпорација за финансирање меѓународен развој. САД, преку активностите, ќе поддржи и план за диверсификација во енергетиката, но и посета на американски инвеститори. Воедно, ќе се работи  и на воведување директна линија Скопје-Њујорк, како и влез во програма чија крајна цел е безвизен режим во САД за македонските државјани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button