ВЕСТИЗДРАВСТВО

Страв, депресија и хроничен замор како резултат на недостаток на вода

Депресијата се јавува тогаш кога мозокот, обземен од проблемите кои го оптеретуваат емоционално, се обидува истовремено да се занимава и со други работи кои го бараат неговото целосно внимание. Личноста во тој момент е толку многу засегната од проблемот и не е во состојба да се занимава со ништо друго. Ако овој процес прололжи и понатаму, ваквото оптоварување на мозокот може да доведе до различни болни појави.

Се смета дека повеќе од 10 милиони Американци страдаат од депресија во различна форма. Нерасположението е природен составен дел од процесите на растење и развивање на секоја индивидуа. Сепак, депресијата секогаш може да биде надмината за брзо време доколку засегнатиот ќе го добие она што му е потребно, љубов, грижа, сочуство со што побрзо ќе ги надмине негативните мисли.

За жал. стравот и гневот кои се поврзани со депресијата, многу потешко може да се надминат. Најчесто, кога ќе се побара лекарска помош, се добиваат медикаменти кои може да бидат со силно дејство или пак, опасни. Некои од тие лекови ја разоруваат чувствителноста, правејќи ги луѓето апатични.

Во својата книга “Телото е жедно за вода“, д-р Ферејдон Батмангелид, предлага пат по кој може да бида зголемена силата за мозокот, со која тој брзо ќе го надмине емоционалниот стрес кој се пројавува во форма на депресија.

Паталошките појави кои се набљудуваат при социјален стрес – страв, грижа, несигурност, емоционални или брачни проблеми и појавата на депресии се резултат на недостиг на вода во организмот и тоа во толкав степен што е засегнато регулирањето на водата во мозочното ткиво. Мозокот користи енергија, која настанува од т.н “пумпи“ задвижувани од водата. Поради дехидрација во мозокот се произведува помалку енергија. Многу функции на мозокот кои зависат од таа енергија се намалени. Ние го откриваме тоа нарушување на функциите и го нарекуваме депресија. Таа состојба на депресија, предизвикана од дехидратација може да доведе до хроничен замор.

Ако сфатиме какви процеси се одвиваат при стрес, ќе го сфатиме и хроничниот замор. Доколку ја надминеме дехидрацијата ќе ги елиминираме и другите нарушувања.

Ако организмот е дехидриран, во него се одвиваат истите процеси како при стрес. Телото ја предвидува кризната ситуација и ги мобилизира сите сили за реагирање за да ја надмине таа борба.

Затоа се смета дека дехидрацијата предизвикува стрес, а стресот води до понатамошна дехидрација.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button