ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стручните училишта во борба да привлечат што повеќе нови средношколци

Средното земјоделско и ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје ги прави последните подготовки за прием на ученици. Иако овие насоки не ги привлекуваат новите генерации, од управата уверуваат дека овие насоки може да обезбедат профитабилна иднина за учениците.

 Во ова училиште учениците можат да се пријават за техничар по ветеринарна медицина, за фитомедицина, агротехничар и техничар за агро-менаџмент.

„Со техничката насока во ветеринарната медицина ученикот се смета половина доктор и може да биде вработен во ветеринарна амбуланта. Со другата насока – техничар за фито-медицина, ученикот може да отвори приватен бизнис, земјоделска аптека. Другата насока, агротехника, порано беше хортикултура, тука спаѓаат сите видови цвеќиња и украси… Насоката техничар агро-менаџмент, тука учениците се обучуваат како да управува со земјоделството“, рече Нехат Реџепи, инженер по агрономија, СУГС “Браќа Миладиновци“.

Покрај стручните насоки, гимназијата „Браќа Миладиновци“ нуди и гимназиско образование во три насоки: хуманитарно-социјална, уметничко-јазична и природно-математичка.

„Апелирам до сите ученици од општината и околината на селото Студеничани да дојдат да се запишат во ова училиште, да ги искористат сите можности што ги нуди…“, изјави Фатмире Сулејмани, ученичка.

Уписите во средните училишта во првиот уписен рок ќе траат од 14 до 17 јуни.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button