ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Струга; Обвинетите доктори би можело да бидат присилно спроведени

Судењето за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, на која при царски рез и беа отстранети три органи никако да продолжи. Првото рочиште беше одржано пред шест месеци, и од тогаш рочиштата се одложуваат. И денеска, судењето беше одложено зашто во струшкиот основен суд, не се појавија прво обвинетиот екс директорот на струшката болница, Мухамед Асани, второ обвинетиот и нивните адвокати.

Против тројца струшки лекари, покренато е обвинение за тешки дела против здравјето на луѓето. Судењето ќе продолжи на 24 јануари, а доколку обвинетите не се поават и тогаш, судијата најави дека ќе бидат присилно донесени.

„Наместо тие да дојдат први овде и да се извинат за тоа што ме осакатија, тие не се тука присутни, но до кога ќе бегаат. Еден ден ќе мора да дојдат во овие судски врати и ќе мора да одговараат за стореното дело“, вели Јилдис Веапоска, оштетена.

„Никој не побегнал од долгата рака на правдата, па веројатно и овие обвинети. Би било мудро да се појават во судница да се вкрстат копјата со Јавното обвинителство. Ние бараме правда за мојот клиент, а тоа е, истата влегла здрава и права во болницата, а излегла без три органи. Тоа најрационалиот ум неможе да го замисли“, рече Сашо Јанев, адвокат на оштетената.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button